Норвешка подготвува штит против дронови на границата со Русија
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот ракетен систем НАСАМС (NASAMS) и ќе го зголеми бројот на војници во својата најсеверна област Финмарк, која се граничи со Русија.
Ова го соопшти Министерството за одбрана на Норвешка, а пренесе „Киев Индепендент“.
„Искуството од Украина покажува колку е важно да имаме добра слика за состојбата на теренот и навремено предупредување. Овие сензори ќе ја зајакнат нашата способност да откриваме дронови во Финмарк“, изјави министерот за одбрана Туре О. Сандвик.
Опремата ќе биде распоредена во градот Киркенес, кој се наоѓа на само 7,5 километри од норвешко-руската граница. Во областа ќе бидат испратени и дополнителни 30 војници.
Од Министерството нагласија дека мерките се превентивни и не се поврзани со некаква нова закана.
„Видовме како во други земји дронови отстапуваат од својата траекторија. Норвешка го сфаќа тоа сериозно. Мораме да бидеме подготвени, иако во моментов не забележуваме зголемена воздушна закана за Норвешка или за населението во Финмарк“, посочи Сандвик.
Руските дронови во повеќе наврати го нарушиле воздушниот простор на земји членки на НАТО. На 8 септември, дрон за кој се претпоставува дека бил руски „Шахед“ навлегол во воздушниот простор на Молдавија и Романија, поради што биле издадени предупредувања, воведени ограничувања на летовите и подигнати борбени авиони на НАТО.
На 3 октомври, пет руски ракети и дронови го нарушиле воздушниот простор на Молдавија и експлодирале на нејзина територија за време на напад врз Украина, соопшти молдавската претседателка Маја Санду.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември изјави дека Русија намерно ја нападнала Молдавија со дронови додека тој патувал низ земјата.
Нарушувања на воздушниот простор биле регистрирани и во Финска и Литванија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…