Обвинение за возачот што го „прегази“ Јорго Ќука пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

t

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, за сообраќајката што се случи на почетокот на ноември минатата година пред мостот „Гоце Делчев“ кога беше прегазен екс генералниот менаџер на „Охис“ Јорго Ќука, кој од последиците на ударот загина на самото место.

Како што имформираат од Обивцнителството, на обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место на несреќата.

За ова кривично дело на сторителот му се заканува затворска казна од најмалку четири години, бидејќи настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за возачот што го „прегази“ Јорго…

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт…

Тешка сообраќајка меѓу три возила во Тетовско…

Во СВР Тетово вчера во 10:35 часот…

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП…

Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан…

Тешко повреден 93-годишен пешак во Кавадарци по…

Пешак во Кавадарци е тешко повреден откако…

Малолетник и уште четири лица повредени во…

Прилепчанец е тешко повреден, а уште неколку…