Објавен е оглас за прием на 300 професионални војници
Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.
Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана.
-Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука и личен развој, развој на тимски вештини и вистински вредности, стои во соопштението од Министерството за одбрана.
Платата изнесува од 30.552 денари па нагоре, со дополнителни над 13.000 денари за надоместокот на трошоци за станбено обезбедување, стои во јавниот повик.
Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавен е оглас за прием на 300…
Министерството за одбрана денеска го објави новиот…
АРМ доби нови „Страјкери“ – „Доказ за…
Новите лесни оклопни возила „Старјкер“, кои нашата…
Дрога пронајдена кај војник на АРМ во…
До редакцијата на Инфомакс пристигна информација дека…
Армијата ќе објави конкурс за 300 нови…
Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс…
Војниците во Армијата членка на НАТО ќе…
Иако фатија шуга во касарната во Велес,…