Ова се новите министри од ВЛЕН?

t

Премиерот Христијан Мицкоски вчера и официјално ја објави реконструкцијата на Владата, а во неа, како што најави, коалицијата Влен ќе има еден вицепремиер и три министри.

Во рамки на реконструкцијата, Влен ќе ги преземе Министерството за правда, Министерството за култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците.

За министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во истиот ресор. Министерството за односи меѓу заедниците ќе го раководи Агон Ферати, додека за нов министер за правда е предложен професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари, кој ќе го наследи Игор Филков.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно соопшти дека со реконструкцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе ресорите здравство и социјална политика, демографија и млади. За министер за здравство е предложен актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, додека Ѓоко Велковски е предложен за министер за социјална политика, демографија и млади.

Златко Перински ќе биде нов директор на Фондот за здравствено осигурување, а Иван Стоилковиќ е предложен за министер за локална самоуправа.

ЗНАМ ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде за министер се очекува да биде именуван актуелниот државен секретар Борче Серафимовски. Горан Минчев и натаму ќе раководи со Министерството за јавна администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова се новите министри од ВЛЕН?

Премиерот Христијан Мицкоски вчера и официјално ја…

ВЛЕН: Крај за казината покрај училиштата, следна…

Со новиот Закон за игрите на среќа,…

ДУИ: ВЛЕН за две години ги урива…

Соопштение на ДУИ Демократската унија за интеграција…

ДУИ: Кога недостасуваат аргументи, ВЛЕН се обидува…

Последните изјави на ВЛЕН претставуваат јасен обид…

„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се…

По повод оставката на Арбен Фетаи од…