Од виенскиот Музеј за применета уметност украден ѓердан вреден околу 3,7 милиони евра
Музејот за применета уметност (МПИ) во Виена вчера бил ограбен од двајца мажи, јавија денеска австриските медиуми.
Крадците влегле во музејот како обични посетители и со чекан ја скршиле витрина од изложбата „Ремек-дела на накити“ и украле ѓердан украсен со дијаманти. Едниот од сторителите бил вооружен, но не го употребил. По кражбата тие побегнале пешки од музејот и им се губи трагата.
Тие го украле ѓерданот на египетската кралица Назли од 1939 година, украсен со повеќе од 600 дијаманти. Пред десет години, накитот бил продаден на аукција во Сотбис (Sotheby’s) за околу 3,7 милиони евра.
Во меѓувреме, полицијата доби фотографии од осомничените и објави описи на двајцата мажи.
Изложбата „Ремек-дела на накити“, е отворена во јуни при што се изложени околу 500 експонати. И покрај кражбата музејот денеска е отворен за посетители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од виенскиот Музеј за применета уметност украден…
Музејот за применета уметност (МПИ) во Виена…
Виена, Копенхаген и Цирих меѓу најдобрите европски…
Европските градови и годинава доминираат на листата…
Охрид од денеска со директна авионска линија…
Охридскиот аеродром од денеска добива нова авионска…
Хорор во Виена: Девојче со нож убило…
Телото на 65-годишна жена доцна попладнево било…
Изгоре балканскиот ноќен клуб „Вилиџ“ во Виена
Пожарот го зафати објектот на ноќниот клуб…