Од денеска дизелот и бензинот се точат по поскапи цени

t

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 проценти.

Најголемо поскапување има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 2,50 денари и ќе се продава по 82,50 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 1 денар и новата цена изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 87,50 денари за литар.

За 2 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова цена е 81,50 денари за литар. Единствено намалување има кај мазутот М-1 НС, чија цена е намалена за 0,265 денари и сега изнесува 41,230 денари за килограм.

Од РКЕ појаснуваат дека новите цени се резултат на растот на референтните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло на светските пазари, како и на промените на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска дизелот и бензинот се точат…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе…

ДУИ: Вербалниот напад од Иван Стоилковиќ врз…

Вербалниот напад на Иван Стоилковиќ врз пратеничката…

Од Фондот за здравство во Владата: Клековски…

Собранието го избра Сашо Клековски за нов…

Европа гори: Огнена стихија од Португалија до…

Европа се соочува со едно од најтешките…