Од Зелениково до Нова железничка станица – Скопје од денеска ја добива првата од трите линии на Градски воз
Денеска започна да сообраќа најавениот Градски воз на првата од трите предвидени линии од Зелениково преку Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче до Нова железничка станица во Скопје.
Железници Инфраструктура за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација. Сообраќајот на линијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење кој го утврди МЖ Транспорт.
Проектот „Градски воз” е со цел граѓаните на, Скопје како од приградските места, така и од централниот дел, да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз. Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на Градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.
Особено значајно е што проектот „Градски воз” се интегрира и со сообраќајниот ред на возење на ЈСП и на тој начин се добива еден квалитетен, интегриран и ефикасен јавен превоз за граѓаните, студентите и учениците.
Од Министерството за транспорт потенцираат дека во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од Градски воз, односно едната од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.
Официјалната промоција на проектот е најавена за утре во присуство на високи владини претставници, челните луѓе на МЖ Инфраструктура и на МЖ Транспорт, како и градоначалниците на Град Скопје, на Општина Зелениково, на Општина Кисела Вода и на Општина Аеродром. Според предвиденото, присутните симболично ќе го означат проектот „Градски воз” со патување од железничката станица во Зелениково до Нова железничка станица во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Зелениково до Нова железничка станица –…
Денеска започна да сообраќа најавениот Градски воз…
Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…
Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…
Со распит на градежните вештаци продолжува судењето…
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…
(Видео) Ѓорѓиевски: Градиме таму каде што со…
Градиме мост и кружен тек во Сарај…
Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…