Од Центар до Аеродром за 8 минути: Ќе има брз воз до Петровец и две нови линии на скопскиот градски воз

t

Скопје напролет ќе започне со изградба на брзата пруга, чиј прв и клучен сегмент ќе биде директно железничко поврзување меѓу Новата железничка станица и меѓународниот аеродром во Петровец. Времето на патување со брзиот воз меѓу центарот на градот и аеродромскиот терминал ќе изнесува меѓу 8 и 11 минути, најави министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека ова е дел од сеопфатниот план за модернизација на железничкиот сообраќај и целосна трансформација на јавниот превоз во главниот град преку надградба на постојната инфраструктура.

По неодамнешното пуштање во сообраќај на првата линија на градскиот воз, надлежните веќе работат на проширување на мрежата и воведување нови сообраќајни точки.

„Првичните реакции на граѓаните се одлични. Се работи за еколошко, брзо и ефикасно решение со електрични возови кое го скратува времето на патување од приградските населби до центарот за повеќе од половина. Во моментов активно работиме на отворање нова железничка постојка кај населбата ’11 Октомври бараки’ во Општина Кисела Вода, како и на поставување велосипедски постојки и усогласување на возниот ред со ЈСП“, изјави Николоски.

Проектот за скопскиот градски воз предвидува воведување уште две дополнителни рути кои ќе ги поврзат источните и западните делови од скопската котлина:

Втора линија: Ќе сообраќа од Нова железничка станица преку Автокоманда, Маџари, Ченто и Илинден сè до Агино Село.

Трета линија: Ќе ги поврзува Волково и Ѓорче Петров, преку Скопје Север и Бутел, спуштајќи се до Нова железничка станица.

Модернизација на возниот парк со меѓународна поддршка

За потребите на новите железнички линии, Министерството за транспорт веќе реализира набавка на современи возни средства.

Николоски откри дека преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се набавуваат пет нови електрични локомотиви за целосна електрификација на карго-сообраќајот, додека во соработка со Светска банка се финализира набавката на четири до шест ултрамодерни патнички возови изработени според највисоките европски стандарди, со посебен простор за велосипеди и миленици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Центар до Аеродром за 8 минути:…

Скопје напролет ќе започне со изградба на…

Пијан тетовец си го претепал својот татко

Синоќа во 21:00 часот на улицата „Ленин“…

„Нина е во големи болки, постојано плаче,…

Мајката на Нина Димитриевска денеска повторно се…

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи…

Територијалното прашање останува да се реши пред…

„Њујорк тајмс“: Ирански екстремисти без знаење на…

Група ирански поддржувачи на тврдата линија извела…