Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”
Пропадна и случајот ,,Тотал” во кој беше обвинет Драган Павловиќ Латас, бидејќи обвинителот се откажал од обвинението.
-Предметот оформен од поранешното Специјално јавно обвинителство, а преземен од Основното јавно обвинителство Скопје, со К.бр. 1493/17, а познат како „Тотал“, ја информираме јавноста дека за истиот, на 27 мај 2026 – та година, е донесена пресуда со која се одбива обвинението, откако надлежниот Јавен обвинител СЕ ОТКАЖА ОД ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ ВО ЦЕЛОСТ.
Во конкретната постапка, која во овој суд се води од октомври 2017 – та година, обвинети се Д.П. – Л. како физичко лице, и три правни лица од Скопје, за кривичното дело Даночно затајување. Предметот неколку пати почнуваше од почеток заради промена на надлежноста на јавниот обвинител и преземање на предметот од едно во друго обвинителство, за на последното рочиште, надлежниот Јавен обвинител, во завршен збор да се откаже од понатамошно гонење на обвинетите. Имено, обвинителот, имајќи ги предвид наводите во вештиот наод и мислење најпрвин направил измени во обвинителниот акт, по што утврдил дека за две од обвинети правни лица во постапката, не се исполнети елементите кои го чинат законскиот опис на пријавеното кривично дело – Даночно затајување, додека за едно правно лице и обвинетиот Д.П. – Л. во меѓувреме настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. Заради сето тоа, судот постапил согласно Законските одредби и ја донел наведената пресуда.
Пресудата од 25.06.2026 година е правосилна и веќе се изготвени решенија за трошоци на странките, а штом истата ќе биде анонимизирана истата ќе биде објавена на веб страната на судот, информираат од Кривичниот суд.
Предметот „Тотал“ е судски случај во кој новинарот Драган Павловиќ – Латас беше обвинет за затајување данок во периодот од 2008 до 2015 година, преку фирмите „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“. Случајот беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал…
Пропадна и случајот ,,Тотал” во кој беше…
Традиционален Илинденски марш: околу 40 коњаници ќе…
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат…
Бугарија од „најпослушен сојузник“ до слуги на…
Во последните неколку години, Бугарија важеше за…
Мерц: И натаму стојам зад предлогот за…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека…
ДЗР: ЈП ПОЦ со 86 милиони денари…
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил сериозни…