Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол – Марков Манастир во Сопиште
Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска информираше дека отпочнати се градежните активности за реконструкција на првата фаза од патниот правец Добри Дол – Марков Манастир, во должина од 500 метри.
Тој посочи дека во рамки на овој проект е опфатено и атмосферско одводнување на улицата, со што ќе се подобрат условите за движење, безбедноста и инфраструктурата за жителите.
„Ова е реализација на уште едно ветување од нашата политичка програма ветување кое го претвораме во конкретен резултат на терен. Голема благодарност до Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен проект“, истакна Мицевски во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…