Охридскиот аеродром доби имотен лист по повеќе од шест децении
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ е запишан во Катастарот на недвижности и доби имотен лист по повеќе од 60 години, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Николоски посочи дека аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот капитал.
Тој рече дека во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД „Аеродроми“, ТАВ, Агенцијата за катастар на недвижности, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други надлежни институции, интензивно работеле на решавање на овој процес и на впишување на аеродромот во катастарските евиденции.
Николоски потенцира дека иако во нормални услови ваква постапка не би била вест, поради долгогодишното запоставување, јавноста заслужува да биде информирана за овој значаен чекор.
Тој најави дека во наредниот период ќе следат активности за модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром, со цел зголемување на туристичкиот потенцијал и привлекување нови авиолинии и посетители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец го претепал својот 18-годишен син
Ноќеска во 20:10 часот во Охрид, полициски…
Земјотрес во Македонија
Рано утрово, жителите на Охрид и околината…
Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…
Скопската магла сè уште го блокира авиосообраќајот
Поради маглата која и денеска е присутна…
Во Охридското Езеро поставена новогодишна елка под…
Нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ поставија новогодишна…