ОЈО ГОКК се огласи за акцијата со кодно име „Филтер“
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“, која под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја спроведуваат Царинската управа. и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР-БЈБ.
Акцијата е резултат на криминалистичка истрага поради постоење основано сомнение за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои Криумчарење и Царинска измама при што е предизвикана штета на државниот буџет од големи размери.
По завршување на активностите, јавноста ќе биде дополнително информирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК се огласи за акцијата со…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Сомнеж за саботажа во Полска: Пожар ја…
Пожар избувнал до копнената сателитска станица на…
Прв случај на западнонилска треска во Тетово
Регистриран е прв случај на заболен со…
Во тек е операцијата „Филтер“: Падна организирана…
Во моментов е во тек операцијата „Филтер“…
Минусни температури и во Македонија: Во Берово…
Календарски есента штотуку започна, а утринските температури…