ОЈО Охрид предлага притвор за тројцата осомничени кои палеле кабли на депонијата „Буково“

t

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

– Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот, стои во соопштението од ОЈО Охрид.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред сé имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО Охрид предлага притвор за тројцата осомничени…

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид донесе наредба…

Одговор на Трамп? Канада предлага сојуз со…

Обединетото Кралство треба да се приклучи кон…

Пазарот очекува деескалација со Иран, нафтата поевтинува

На пазарот на нафта понекогаш е доволна…

(Видео) НЛО НАД ТЕХЕРАН: Се појави уште…

Мистериозни светлечки објекти забележани на небото над…

Од опозиција Филипче вели Македонија не е…

Венко Филипче, сега опозиција зборува за непродажба…