ОЈО поведе постапка за сообраќајната несреќа во Волково
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан Иваноски кој се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, во истата насока пред автомобилот, иако бил должен како пешак да се движи по тротоарот. Од ударот пешакот се здобил со повреди од кои починал на лице место.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за вештачења со цел утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа, а во меѓувреме за осомничената се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште и одземање на патната исправа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО поведе постапка за сообраќајната несреќа во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Обвинение за возачот што го „прегази“ Јорго…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт…
Двегодишно дете починало од глад: Обвинение против…
Основното државно обвинителство во Подгорица денеска поднесе…
Тешка сообраќајка меѓу три возила во Тетовско…
Во СВР Тетово вчера во 10:35 часот…
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП…
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан…