Пандов на средба со делегација на Европскиот комитет за превенција од тортура
Директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, денеска оствари работен состанок со делегација на Европскиот комитет за превенција од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT).
Делегацијата беше предводена од претседателот на CPT, Алан Мичел, а во неа учествуваа и членовите Слава Новак, Хелена Папа и Ризван Раду, како и секретарот Кристијан Лода.
Како што информираат од Управата за извршување на санкциите, на состанокот се разговарало за напредокот во реформите и активностите преземени во пенитенцијарниот систем во изминатиот период.
Фокусот бил ставен на мерките што ги спроведуваат Управата за извршување на санкциите, казнено-поправните установи (КПУ) и воспитно-поправните установи (ВПУ), со цел подобрување на условите за осудените и притворените лица.
На состанокот се разговарало и за активностите поврзани со функционирањето и унапредувањето на пробацијата.
Од Управата наведуваат дека средбата била во насока на согледување на постигнатиот напредок и понатамошно унапредување на состојбите во пенитенцијарниот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
(ВИДЕО) Запалена куќата на Пандов во скопско…
Запалена е куќата на директорот на Управата…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…