Пензиите ќе се зголемат законски за 3 отсто
На една недела пред да заврши месецов директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, потврди дека зголемувањето на пензиите ќе биде 3 отсто почнувајќи од септемвриската пензија. Онака како што предвидува законското услогласување. Од премиерот се најавуваше дека зголемувањето може да биде и 3,5 отсто, но пресметките завршиле во поконзервативната варијанта. Усогласувањето се пресметува според трошоците на живот и просечната плата. Со тоа, просекот на пензионерските примања ќе се зголеми за 841 денари, од сегашните 28.050 на 28.891 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика за периодот јануари-јуни, индексот на трошоците на животот бележи раст од околу 1,17 отсто, што дава придонес од приближно 0,585 отсто, додека просечната нето-плата порасна за околу 4,75 отсто, односно носи придонес од 2,375 отсто. Вкупното пресметано усогласување изнесува меѓу околу 3 отсто, а бројката ја потврдија од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ).
Кај просечната старосна пензија од 29.609 денари, зголемувањето изнесува 888 денари, па новиот износ би бил 30.497,27 денари.
Оние што имаат пензија од 20.228 денари ќе добијат зголемување од 606 денари, а осумте граѓани во државата кои имаат највисока пензија од 94.332 денари ќе добијат зголемување од 2.830 денари.
Според статистиката на ПИОМ, во август пензија била исплатена на 349.334 корисници. Износи до 20.228 денари се префрлени на сметките од 26.585 лица (7,61%). Пензии до 23.945 денари имаат 129.480 пензионери (37,06%), а до 30.000 денари – 82.894 пензионери (23,73%).
Нешто повеќе од еден процент од пензионерите, поточно 1,02 отсто, се со примања повисоки од 64.518 денари. Се работи за 3.559 корисници.
Дел од пензионерите со ниски пензии се противат на враќањето на процентуалното усогласување и бараат линеарниот модел да биде трајно законски регулиран. Тој модел се применуваше во изминатите две години, период во кој сите пензии се зголемија за 7.000 денари: два пати по 2.500 денари и два пати по 1.000 денари.
На крајот од август премиерот Христијан Мицкоски кажа дека се враќа процентуалното усогласување. Тој образложуваше дека таквата одлука се носи со цел заштита на пензионерите и нивните пензии. А ги спомена и иницијативте пред Уставниот суд за укинување на линеарното зголемување, а нив ги поднеле „поединци поттикнати од опозициските партии“.
Линеарните зголемувања на пензиите придонесоа да се зголеми „дупката“ во ПИОМ, односно разликата помеѓу придонесите за пензиско осигурување и вкупниот износ на средства потребни за исплата на пензиите.
За исплата на пензиите во 2026 година се потребни вкупно околу 2,4 милијарди евра (околу 147 до 150 милијарди денари).
Оваа рекордна сума се должи на континуираните законски и линеарни зголемувања на пензиите во изминатиот период, како и на растот на бројот на корисници на пензија.
Од платите на вработените во државата директно во Фондот за ПИОМ се слеваат околу 1,4 милијарди евра (приближно 85,8 милијарди денари). Бидејќи придонесите не се доволни, државата од централниот Буџет годинава префрла историски највисоки 62,8 милијарди денари (околу 1 милијарда евра) за да се покрие дефицитот и да се овозможи редовна исплата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре пензиите ќе бидат зголемени, но…
Од 1 септември, во согласност со Законот…
Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да…
Министерството за социјална политика, демографија и млади…
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од…
Македонските пензии најниски во регионот
Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…
Почна исплатата на покачените септемвриски пензии
Министерството за труд и социјална политика известува…