Објавено на:

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје

t

Министерството за одбрана на САД потпиша седумгодишни договори со компаниите производители на оружје „General Dynamics Ordnance“, „Tactical Systems“ и „Lockheed Martin“ за зголемување на производството на ракети.

„Договорите се осмислени да ги зголемат количините на производство и да ги забрзаат распоредите за испорака на критичните поткомпоненти за ракети кои ги поддржуваат програмите за пресретнување на системите за одбрана на големи височини (THAAD) и системите за подобрување на сегментот на ракети Patriot Advanced Capability-3 (PAC-3 MSE)“, се наведува во соопштението на Пентагон.

– Денешното соопштение претставува пример за еволуцијата на тоа како соработуваме со индустријата за да го прошириме арсеналот на слободата и да ги надминеме новите закани, изјави рече заменик-министерот за одбрана на САД задолжен за набавки и одржување, Мајкл П. Дафи. Тој додаде дека „се намалува бирократијата, се скратуваат временските рокови и брзо се зголемува американскиот производствен капацитет за да се испорачаат напредните капацитети за воздушна и ракетна одбрана“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на…

Министерството за одбрана на САД потпиша седумгодишни…

Гори на седум места, три пожари под…

На ден 31.08.2026 година, до 18:30 часот,…

Јанша ја повика ЕУ да ги исполни…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека…

Меси се збогуваше со репрезентацијата на Аргентина

Една од најголемите епохи во историјата на…

ДОМ: Поддршка на петицијата на „Шанса за…

ДОМ силно ја поддржува петицијата за повлекување…