Објавено на:

Петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца

t

Пет лица меѓу кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15:55 часот се случила на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“, во Куманово.

Во сообраќајката, како што информира МВР, учествувале автомобил „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) од Куманово и автомобил „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(33) од Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово, велат од МВР.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…

(Фото) УХМР со најнова прогноза: Еве какво…

До среда ќе се задржи нестабилно време,…

Верниците со молитва за иранскиот претседател Раиси…

Верниците се помолија за иранскиот претседател Ебрахим…

Украинците тврдат: „Го уништивме рускиот миноловец Ковровец“

Поморските сили на вооружените сили на Украина…

Во пукање во САД ранети се 11…

Во престрелката што се случила во центарот…