Објавено на:

Пијан возач удрил во трактор со цело семејство Радовишко, тројца луѓе се повредени

t

Возач, за кого подоцна било утврдено дека возел пијан, удрил во трактор на кој се превезувале луѓе на пат меѓу две села во Радовишко, при што две жени, сопатнички на тракторот, се тешко повредени, соопшти МВР.

„На 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на општински пат с.Калуѓерица – с.Подареш, во атар на с.Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(51) од с.Ораовица, радовишко и трактор со приколка, управуван од Г.М.(56) од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И.(39), А.И.(41) двете од Радовиш, додека со телесни повреди Ѓ.И.(70) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од екипа на ОВР Радовиш, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило М.Т. возел под дејство на алкохол, односно имал 1,17 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан возач удрил во трактор со цело…

Возач, за кого подоцна било утврдено дека…

Сопственик на пиварница во САД рече дека…

Властите во американската држава Висконсин ја одзедоа…

Хрватска и Словенија ги очекуваат температури до…

Хридометеоролошкиот завод на Хрватска за денеска очекува…

Трамп се закани дека ќе го „претепа“…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани…

Црногорскиот ќе биде официјален јазик во ЕУ,…

ЕУ вработува службеници што зборуваат црногорски додека…