По 19-ти пат маратонците тргнаа од Нова Градишка кон Крушево во чест на Тоше Проески
Тринаесет маратонци денеска во 17 часот тргнаа од Нова Градишка, Хрватска, кон Гумење во Крушево, во чест на Тоше Проески, кој на 16 октомври 2007 година загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.
Ова е 19-ти меморијален маратон посветен на македонската музичка ѕвезда. Маратонците ќе истрчаат околу 200 километри низ Хрватска, Србија ќе ја поминат со возила, а од македонската граница до Крушево ќе истрчаат уште околу 220 километри. Во Македонија ќе им се приклучи уште еден маратонец.
„Возбудата е голема, чувството е неописливо. Без двоумење го почнуваме 19-тиот маратон за Тоше. Нѐ чека долг пат. Ќе се сретнеме на вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево“, изјави Наум Капричевски, иницијатор и учесник на маратонот.
Пред тргнувањето, маратонците положија цвеќе на спомен-обележјето на Тоше во Нова Градишка. Во Хрватска имаа средби и со претставници на македонската заедница, амбасадорот Драган Ѓурчевски, продуцентската куќа „Хит рекордс“ и Бисерка Петровиќ, мајката на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ.
Пристигнувањето во Крушево е планирано за 16 октомври напладне, на 19-годишнината од смртта на Тоше Проески. Традиционално, маратонците ќе бидат пречекани со црвени рози.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19-ти пат маратонците тргнаа од Нова…
Тринаесет маратонци денеска во 17 часот тргнаа…
Новинарите на Nova.rs на протест: Ја купивте…
Неколку стотици новинари, медиумски работници и граѓани…
Кривични пријави за случајот со тепаните приведени:…
Кривични пријави се поднесени против три лица…
Сиљановска-Давкова: Историската вистина за Холокаустот на македонските…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Емирот на Катар предупредува: Мора да бидеме…
Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад…