Повампирената грчка неонацистичка партија Златна зора доби судска забрана

t

Врховниот суд на Грција во средата ѝ забрани на крајнодесничарската партија што функционира под името Спартанци да се кандидира на годинашниве избори во Европарламентот.

Судски извори ја потврдиле информацијата за „Ројтерс“, со оглед дека во Грција судските одлуки не се објавуваат веднаш. Судот донел одлука според која партијата не ги исполнила поставените услови за учество на изборите.

Овој месец, јавниот обвинител нареди да се поднесе обвинение против 11 пратеници што беа изворно избрани на листата на политичката партија Спартанци, поради основано сомнение дека „на националните избори одржани во јуни 2023 година ги измамиле гласачите добивајќи упатства од политичар што бил и сѐ уште е во затвор“.

Се очекува во наредните денови изборниот суд да донесе одлука дали 11-те пратенички места може да се распределат меѓу претставниците на другите партии во 300-члениот парламент или ќе треба да се повторат изборите во регионите каде што биле избрани.

На минатогодишните избори, три ултранационалистички партии освоија места во парламентот, добивајќи повеќе од 12 отсто од гласовите.

Судскиот епилог предизвика политички превирања и откри сѐ поголем јаз меѓу 11-те пратеници, кои разменија остри обвинувања.

Во средата, 33-годишниот пратеник што во февруари поднесе оставка од пратеничката група Спартанци беше приведен откако со тупаница во лице удри член на друга ултранационалистичка партија. Партијата Спартанци едвај беше спомната во анкетите пред изборите во јуни 2023 година сѐ додека Илиас Касидиарис, кој отслужува затворска казна за неговата водечка улога во забранетата крајнодесничарска партија Златна зора, не ја поддржа од својата затворска ќелија.
Во средата, грчкиот Врховен суд одобри претставници на 31 партија да се натпреваруваат на изборите за ЕУ од 6 до 9 јуни. Потоа гласачите во целиот 27-член блок на земји членки ќе изберат 720 нови члена на ЕП, кои ќе бидат на таа позиција во следните пет години.

Касидиарис беше високорангиран во неонацистичката и милитантна партиска организација Златна зора. Тој беше портпарол, но и активен член, кој честопати предизвикуваше инциденти. Македонците во Грција добро го знаат тоа. Касидиарис не криеше дека иако е во затвор откако беше осуден на 13 години робија ја формира новата партија, но неговите поддржувачи ги поминале филтрите и ја регистрирале новата партија. Пред формирањето на партијата, Касидиарис рече дека формира нова партија со цел „Грција одново да стане голема и силна“ и да се спротивстави на „исламизацијата и планот за замена на грчкото население“.

Преку седумминутна видеопорака, тој кажа дека иницијативата е да се формира движење на Грци „за национално преживување и одново раѓање на хеленизмот“ и „за една и единствена визија: голема слободна и силна Грција“.

– Се спроведува организиран план за замена на населението. За неколку децении, ние и нашите деца сме во опасност да бидеме малцинство во нашата татковина – вели Касидиарис и ги обвинува членовите на Нова демократија дека се „измамници што секојдневно промовираат план за исламизација и дехеленизација на Грција“, а медиумите дека го прикриваат овој план.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…