Повеќе Бугари патуваат во Македонија отколку Македонци во Бугарија
Во јуни во Македонија допатувале 6.400 бугарски државјани повеќе отколку што македонски државјани отпатувале за Бугарија, покажуваат податоците на Националниот статистички институт во Софија, објави порталот Експрес.
Околу 33.900 државјани на Бугарија минатиот месец ја посетиле Македонија, , наспроти 27.500 македонски граѓани што заминале кај источниот сосед. Македонија е седма дестинација за Бугарија по бројот на посети, а Бугарија е на 10. место меѓу изборот на туристите од Македонија.
Најголем број патувања од бугарските граѓани биле направени во: Турција – 249.700, Грција – 223.700, Романија – 94.800, Германија – 67.600, Србија – 62.400, Италија – 37.800, Македонија – 33.900, Австрија – 31.500, Шпанија – 26.500, Франција – 25.100.
Најмногу посети на Бугарија оствариле граѓани од: Романија – 246.600, Турција – 242.200, Германија 122.200, Грција – 110.000, Украина – 109.200, Полска – 104.500, Србија – 82.100, Чешка – 48.200, Обединето Кралство – 44.600, Република Северна Македонија – 27.500.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе Бугари патуваат во Македонија отколку Македонци…
Во јуни во Македонија допатувале 6.400 бугарски…
Илире Даути ги блокира пратеничките прашања, Гаши…
Наместо конструктивна дебата и одговори на пратеничките…
Андоновски тврди дека дата-центрите нема да ѝ…
Изградбата на дата-центри во земјава нема да…
(Видео) Вонредна состојба во источна Англија поради…
Властите во источна Англија прогласија вонредна состојба…
Двајца пациенти со западнонилска треска се во…
Двајца пациенти на возраст од 76 и…