Објавено на:

Пожар во тетовско средно училиште, шестмина вработени пренесени во болница

t

Тетовската полиција вчера добила пријава дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет.

Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти.

-При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарка помош, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во тетовско средно училиште, шестмина вработени…

Тетовската полиција вчера добила пријава дека околу…

(Фото) Катастрофални услови во тетовската касарна: Мувла,…

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии од…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…

„На Задушница не се заборава“: Се одржа…

На денот на Задушница, семејствата и блиските…