Пожарот во Церово под будно следење – екипите со максимален ангажман на терен

t

Директорот на ЦУК, Мухамед Али моментално се наоѓа на терен заедно со командантот на ТППЕ Тетово, г-дин Авни Ахмети, каде се следи состојбата со пожарот што го зафати селото Церово, Општина Желино, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„На терен се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои со максимален ангажман работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Екипите работат на терен во справувањето со огнената стихија, со цел пожарот што поскоро да биде ставен под контрола“, велат од ЦУК.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и совесни, особено при движење и престој на отворен простор, со цел да се спречи избувнување и ширење на пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот во Церово под будно следење –…

Директорот на ЦУК, Мухамед Али моментално се…

Авион кој се изгуби од радарот се…

Голема потрага вечерва е во тек по…

Иран со закана по најавите на САД…

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент,…

Хорор во Германија: Маж и жена избодени…

Брачна двојка е убиена во германската покраина…

Силно невреме се движи кон Словенија и…

Централниот дел на Медитеранот е под влијание…