Објавено на:

Авион кој се изгуби од радарот се урнал на планина во Хрватска, лошото време ја отежнува потрагата

t

Голема потрага вечерва е во тек по мал авион кој се урнал на планината Велебит во Хрватска, а во него, според неофицијални информации, се наоѓале двајца луѓе, јавуваат хрватските медиуми.

Несреќата била пријавена откако Хрватската контрола на воздушната пловидба го изгубила сигналот од авионот.

Дирекцијата за цивилна заштита при хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 16:14 часот бил изгубен сигналот од мал авион кој летал од Чешка кон Задар.

Сигналот последен пат бил регистриран на околу 31,5 километри североисточно од Задар.

Веднаш по дојавата била активирана акција за потрага и за спасување на тешко пристапниот терен на Велебит.

На терен се испратени припадници на Службата за цивилна заштита од Задар и од Госпиќ, полицајци, пожарникари и спасувачки тимови на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС).

Во потрагата се вклучени и државните интервентни единици за цивилна заштита од Сплит и од Риека, кои на терен пристигнале со командно возило, дронови и со специјализирана опрема за ноќно пребарување.

Поради лошото време, потрагата од воздух во моментов не е можна, па спасувачите го пребаруваат теренот исклучиво од копно.

Базата на операцијата е поставена во станицата на ХГСС во Стариград-Пакленица, од каде што се координира работата на сите екипи.

Акцијата продолжува, а повеќе информации за несреќата и за луѓето кои се наоѓале во авионот се очекуваат откако спасувачите ќе стигнат до локацијата на падот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електронски паричник од четврток: Личната карта и…

Граѓаните наскоро ќе можат да ги користат…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора…

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели…

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…

Тепачка во казино во Струга

На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР…