Објавено на:

Покрената петиција за промена на името на Косово

t

На социјалната мрежа „Икс“ се појави иницијатива за покренување петиција со која се бара промена на официјалното име на Косово во Дарданија.

Веста за новата иницијатива ја објави страницата „kos_data“, со образложение за причините поради кои се бара враќање на овој историски термин.

„Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија било античкото име на овој регион и се залагаат тоа да се врати како официјално име на Косово“, се наведува во објавата на страницата.

Ова не е прв пат во Приштина да се покренува ваков барање. Иста ваква иницијатива беше организирана на еден од градските плоштади на крајот од 2024 година.

Целта на тогашните организатори беше собирање на 10.000 потписи кои потоа требаше да бидат доставени до „Собранието на Република Косово“ со цел името Косово да се замени со Дарданија.

Новинарот Рамиз Селими тогаш во авторски текст за порталот „Бота Прес“ истакна дека промената на името претставува завршен чекор кон целосен идентитет и суверенитет.

„Зад емотивните дискусии, идејата за промена на името во Дарданија треба да стане актуелна од неколку причини: историски, политички, културни и стратешки. Новото име не само што би било инспирација, туку и гордост на народот, како потомци на Дарданците, древен народ од Балканот. Добар дел е што на овој начин, идејата на Србија за повторно обединување на нашата земја со друга држава би била смирена и доведена на колена. Дарданија е вистинскиот идентитет на народот на Косово, затоа Косово е Дарданија!“, објасни тогаш Селими.

Покренувањето на оваа иницијатива предизвика остри реакции и осуда во српската научна заедница, од каде оценуваат дека ваквиот потег нема научна основа и претставува обид за ревизија на историјата и замена на фактите на Балканот.

Српските историчари и истражувачи, меѓу кои и оние од Институтот за српска култура, сметаат дека целта е отстранување на словенскиот идентитет, посочувајќи дека зборот „Косово“ е со словенско потекло, додека во албанскиот јазик нема изворно значење.

Истовремено, српската историографија заснована на трудовите на Константин Јиречек укажува дека античка Дарданија опфаќала многу поширок регион, вклучувајќи ги Ниш и Скопје, поради што нејзиното сведување во денешните административни рамки е историски неосновано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрената петиција за промена на името на…

На социјалната мрежа „Икс“ се појави иницијатива…

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „…

СВР Битола поднесе кривични пријави против три…

Пожарот во прилепско Чаништа се движи во…

Како што инфомираше синоќа директорот на ДЗС,…

Забележана појава на фишинг напади: МВР со…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Македонското Собрание ќе ја одбележи 35-годишнината од…

Во понеделник, 24 август, во Собранието, со…