Полицијата заплени голема количина марихуана – еве колку лица се уапсени!

t

Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера вечерта привеле 43-годишен прилепчанец, откако при полициски преглед кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и една сина таблета.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата се одвивала на 12 септември во 22:20 часот, во близина на автокампот „Љубаништа“, како дел од мерките за спречување на недозволена трговија со дрога.

Полициските службеници извршиле контрола и преглед на А. Ш. (43) од Прилеп, при што кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Лицето било лишено од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 43-годишниот прилепчанец ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата заплени голема количина марихуана – еве…

Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“…

(Видео) Огромни количини отпад пловат низ Вардар…

Реката Вардар секојдневно се соочува со алармантни…

Сончево време со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и посвежо…

Нова опасност во Ормуз: Погоден брод, еден…

Нова сериозна ескалација се случи утрово во…

Нема блокада на границите утре: Превозниците од…

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…