Објавено на:

Полска: НАТО треба да избегнува да ја провоцира Русија

t

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против Москва кога реагира на инциденти поврзани со, според Варшава, наводното нарушување на воздушниот простор на членките на НАТО од страна на Русија, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за „Волстрит журнал“.


„Верувам дека треба да избегнеме ситуации во кои Русија би можела да објави дека НАТО провоцирала“, истакна полскиот лидер.
Тој одби да одговори на новинарското прашање на весникот каков би можел да биде одговорот на Варшава и НАТО во ситуација „доколку руска ракета предизвика жртви во Полска“.
Дуда го нарече „руска провокација“ случајот кога, според полските власти, руски ракети навлегле во полскиот воздушен простор.
Шефот на полската држава додаде и дека партнерите од НАТО се против пресретнување на ракети надвор од границите на Алијансата, вклучително и воздушниот простор на Украина.

Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Полска Анджеј Шејна изјави за радио RMF24 дека НАТО ја разгледува можноста за соборување проектили кои летаат во непосредна близина на границите на Алијансата.
Вооружените сили на Полска на 24 март објавија дека имало повреда на воздушниот простор на границата со Украина. Според тврдењата, станува збор за руска крстосувачка ракета. Според верзијата на полската команда, проектилот наводно бил истрелан од руската авијација, а проектилот влетал во воздушниот простор Поска во областа на населбата Осердув во војводството Лублин на границата со Украина и ја напуштил по 39 секунди. Полската војска не обезбеди докази за оваа изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме…

Полска не се подготвува и нема да…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руската војска започнува со вежби за употреба…

Генералштабот на Русија ги започна подготовките за…