Објавено на:

Поранешен шеф на НАТО: Алијансата се распаѓа, на Европа ѝ треба нов сојуз

t

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, повика на итно формирање на нов европски одбранбен сојуз, предупредувајќи дека НАТО во сегашната форма е загрозен поради несигурноста во американските гаранции за безбедност.

Расмусен тврди дека сме сведоци на дезинтеграција на Алијансата. Според него, сомнежите што ги поттикна Доналд Трамп во врска со Членот 5 ги принудуваат Европјаните сами да ја преземат одговорноста за одбраната на својот континент.

Тој предлага нов сојуз на европски земји кои се способни самостојно да организираат воена одбрана. Овој сојуз би имал строги критериуми: издвојување на 5% од БДП за одбрана, безбедносни гаранции слични на Членот 5, oневозможување на поединечни држави да блокираат воени операции.

Расмусен смета дека Украина мора да биде полноправна членка на овој нов сојуз, нарекувајќи ја „бедем против Русија“ поради нејзиниот брз напредок во производството на оружје.

Поранешниот шеф на НАТО признава дека ова е „болна промена“ на неговите ставови, но заклучува дека моделот во кој Европа зависи од евтина енергија од Русија, евтина стока од Кина и евтина безбедност од САД повеќе не функционира.

Расмусен апелира лидерите на Германија (Фридрих Мерц), Франција (Емануел Макрон), Британија (Кир Стармер) и Италија (Џорџа Мелони) да ја преземат иницијативата, бидејќи иако НАТО би останал „камен темелник“, Европа мора да биде способна за самостојна конвенционална одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен шеф на НАТО: Алијансата се распаѓа,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Николоски: Увозот на работна сила е неминовен…

Македонската економија се соочува со сериозен дефицит…

Почна акцијата „Генералка викенд“, ќе трае 3…

Почна акцијата „Генералка викенд“, каде волонтери, ученици…

Се прават анализи за најповолно финансирање за…

Новата болница во Штип и понатаму на…

Уапсен е 26 годишен кавадарчанец – се…

Полицијата во Кавадарци вчера уапси 26-годишен маж…