После 33 часа работа на терен на пожарникарите од ТППЕ Битола, изгаснати пожарите во повеќе села во општина Могила, Новаци и Битола

t

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, м.в Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше до 14 август, до 01:00 часот по полноќ.

Во текот на ноќта, како поддршка на битолските пожарникари, се приклучија екипи од ТППЕ Кавадарци, тимови за брз одговор од Дирекцијата за заштита и спасување со четири возила „пинцгауер“, како и жители од месното население.

Пожарите во сите села се целосно изгаснати. Изгаснат е и пожарот во селото Лопатица, каде што исто така интервенираше екипа на ТППЕ Битола.

Во селото Маково пожарот е локализиран. Сепак, на мал дел од непристапен терен, каде што има експлозивни направи од Првата светска војна, сеуште забележлив е чад.

Од ТППЕ Битола информираат дека на сите локации станува збор за подметнати пожари, кои претставуваа сериозна закана за населените места.

Општина Битола изразува голема благодарност до сите ангажирани противпожарни екипи за нивната храброст, пожртвуваност и професионалност. Со нивното навремено и ефикасно дејствување беа спречени големи опасности за куќите и другите објекти во селата на територијата на општините Могила и Новаци.

Извор: Маркукуле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…