Објавено на:

Приведени седуммина возачи, се возело без дозволи, пијани и со активни забрани

t

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, по тројца возеле без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а еден со активна забрана

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив по тројца управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а еден со активна забрана. По едно лице во Скопје, Кавадарци и Охрид управувале возило без возачка дозвола. Лицето во Охрид предизвикало и сообраќајна несреќа со едно повредено лице. По едно лице во Виница, Прилеп и Скопје управувале возило под дејство на алкохол. Додека, едно лице во Кичево возело и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени седуммина возачи, се возело без дозволи,…

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно…

На покана на Гаши, во Скопје доаѓа…

До крајот на годинава, во посета на…

ЕУ ги укина царините за низа американски…

Европската Унија и официјално усвои закон со…

Соседна држава, членка на ЕУ, лобира Македонија…

Од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски денеска…

Опожарени три возила во Чаир

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…