Продолжува битката со огнот во Националниот парк Пелистер
Следи уште една пеколна и долга ноќ за сите нас кои остануваме на терен соопшти директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски.
– Главното дејство на силите во текот на ноќта ќе биди насочено по должина на границата помеѓу Национални шуми и Национален парк Пелистер во правец север – југ на надморска висина помеѓу 1050 – 1150 метри над т.н. битолски пат кој ги поврзува превалец Ѓавато со с.Подмочани. Целта е да се искористат пониските температури во текот на ноќта и конечно да се сузбие најкритичниот фронт од пожарот- вели тој
Во моментов се работи на самиот фронт на огнот од непосредна близина.
– Во еден момент ја имате целосната контрола, но со првата промена на временските услови работите се менуваат во истиот момент. Екипите на НП Пелистер делуваат со поддршка на ДПД Архангел, ППЕ на РЕК Битола и ТППЕ Ресен. Најважно е високото ниво на мотивираност на единиците и покрај тоа што поединци се без спиење од скоро 48 часа- истакна директорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува битката со огнот во Националниот парк…
Следи уште една пеколна и долга ноќ…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…