Пронајдена дрога кај шест лица во Карпош!
Изминатата ноќ во Скопје, кај спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија спровеле акциска контрола по која биле уапсени шест лица.
-При контролата бил извршен преглед и проверка на идентитет на 33 лица. Во рамки на акцијата лишени од слобода се шест лица: Љ.П.(42), С.Н.(45), Љ.А.(43) и И.Ц.(37) од Скопје, М.С.(33) од Неготино и Е.Л.(21) од Р. Албанија- се вели во соопштението на МВР.
При прегледот кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и друга прашкаста материја, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдена дрога кај шест лица во Карпош!
Изминатата ноќ во Скопје, кај спортски центар…
Насилникот од Карпош осомничен за тешко семејно…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Нов притвор од 48 часа за насилникот…
Од Скопското обвинителство информираат дека е одреден…
Независни за Карпош: Канализација се излева во…
Од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ утрово…
СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за…
„Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично…