Пронајдени остатоците, се трага по телата на екипажот на урнатиот авион во Пакистан
Пакистанските морнарички екипи за пребарување и спасување се бореа со немирно море во четврток, додека потрагата по петте членови на екипажот кои исчезнаа откако нивниот товарен авион се урна во Арапското Море влезе во својот втор ден, соопштија официјални лица.
Остатоците од авионот беа пронајдени во среда, но немаше трага од исчезнатите членови на екипажот, објави АП.
Авионот, управуван од приватниот превозник К2 Ервејс, пријавил дефект на навигацискиот систем пред да го изгуби контактот со радарот доцна во вторникот, истакнаа од Пакистанската аеродромска управа. Бродовите и авионите продолжиле да ги пребаруваат водите речиси 300 километри југозападно од Карачи, каде што авионот исчезнал од радарот додека се приближувал кон најголемиот град во Пакистан од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати.
Причината за несреќата сè уште се истражува. Главниот труп на авионот и пет члена на екипажот сè уште се
водат како исчезнати , изјавија за Асошиејтед прес двајца службеници запознаени со ситуацијата, зборувајќи под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат со медиумите. Тие додадоа дека потрагата повторно била попречена од немирното море.
Аеродромските власти на Пакистан во среда соопштија дека воените бродови и Пакистанската агенција за поморска безбедност ги лоцирале и пронашле остатоците од авионот околу 12 часа откако исчезнал. Остатоците биле пронајдени на околу 100 километри од Ормара, крајбрежен град на југозападниот брег Макран на Пакистан во покраината Белуџистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени остатоците, се трага по телата на…
Пакистанските морнарички екипи за пребарување и спасување…
Лавров: Западот се преправа дека е заинтересиран…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
(Видео) Пресврт во случајот со бомбашкиот напад…
Украинскиот разузнавачки службеник Владислав Ројт, кој претходно призна…
(Видео) Британски осуденик им се скрил на…
Осудениот британски насилник Дин Форд се обидел…
Пријавено е труење со храна кај шестмина…
Пријавено е труење со храна кај шестмина…