Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите врз фрижидерите во супермаркетите ширум Европа
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа одговорност за кибер нападите врз системи за ладење во стотици супер маркети ширум Европа.
Одговорноста двете хакрски групи ја презедоа во објави на каналите на Телеграм, но набрзо потоа тие беа исклучени.
За да ја потврдат својата вмешаност, групите објавија и 2.500 редови од базата на податоци на данската компанија „Данфос“, одговорна за одржување на системоте за ладење на супермаркетите, кој вклучувааат и наводни информации за најавување и лозинки.
Во понеделникот системите за ладење на супермаркетите во Белгија, Естонија, Ирска, Луксембург, Финска, Холандија и Шведска беа цел од кибер напади. Претходно во октомври, цел на ваков напад беа и стотици супермаркети во Франција.
Иако и преходно се појавија тврдења дека е можно зад нападите да стои хакерска група поврзана со руската држава, некои кибер експертите изразуваат сомнеж кон тврдењата на руските хакери, оценувајќи дека е можно со таквите тврдења само да сакаат привлечат публицитет на себе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…
ЦУК побарал од Градот и од Општината…
Иако поминаа само неколку денови од последната…
Димовски во Германија на средба со менаџментот…
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни…
Израел започна жестоки воздушни напади врз цели…
Израелските вооружени сили започнаа интензивни воздушни напади…
Премиерот на Онтарио му се потсмева на…
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од…