Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, жителите се евакуирани
Вонредна состојба е прогласена во Славјанскиот округ во Краснодарскиот крај на Русија откако дошло до пукање на брана на реката Кубан, поради што биле активирани сирени за тревога и спроведена евакуација на населението од загрозените подрачја.
Според локалните служби за вонредни состојби, оштетувањето на браната во близина на населбата Нефтјаник достигнува ширина од околу 25 до 30 метри, создавајќи опасност за блиските населени места, меѓу кои и селото Урма.
Жителите биле навремено предупредени, а дел од евакуираните се сместени во привремени прифатни центри.
На терен се ангажирани неколку стотици спасувачи и десетици специјални возила и машини. Во обид да се спречи понатамошно ширење на водата, поставени се десетици илјади вреќи со песок и изградени се заштитни насипи.
Првичните проценки покажуваат дека водата не навлегла во станбените објекти, туку предизвикала поплавување на земјоделски површини. Надлежните соопштија дека нивото на реката почнало постепено да се намалува.
Пријавени се и помали оштетувања на други локации во регионот, но засега нема информации за загрозени животи или поголема материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна…
Вонредна состојба е прогласена во Славјанскиот округ…
„Илузија е дека ќе завладее мир во…
Претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите…
Украина: Масовен руски напад врз Киев, девет…
Најмалку девет лица се убиени, а десетици…
Зеленски: На фронтовите во Украина се забележува…
На фронтовите во Украина се забележува „значително…
Путин доби сериозно предупредување: Нивото на воени…
Високо рангираните руски финансиски претставници приватно го…