Работник e пронајден починат во објект на фирма на Бит Пазар
Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје, соопшти МВР.
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети.
Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник e пронајден починат во објект на…
Во текот на вчерашниот ден, во СВР…
Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно…
Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно…
Претрес во Скопје, турски државјанин организирал он…
На 09.04.2026 во Скопје, на територија на…
Двајца се повредени – МВР со детали…
Уапсени се трите лица кои вчера на…
Приведени Холанѓани во Скопје: Неовластено снимале со…
Вчера во 23:05 часот во Скопје, поточно…