Радев за претепувањето на Пендиков: Тоа не е домашен скандал, туку децениска политика кон Бугарија

t

Бугарскиот претседател Румен Радев тврди дека омразата кон Бугарија е децениска политика во Македонија и дека, според него, не се работи за обичен домашен скандал. Коментирајќи го претепувањето на Христијан Пендиков, бугарскиот претседател рече дека ако вака продолжат, Македонците самите ќе се блокираат на патот кон ЕУ, пишуваат бугарските медиуми.

Случајот со Христијан Пендиков е израз на децениска политика на влевање омраза кон Бугарите и кон сè што е бугарско. Затоа е многу важно овојпат властите во Република Македонија да се изјаснат дека ова е злосторство од омраза. Тоа не е домашен скандал, не е криминален случај. Многуте неоткриени и неказнети случаи на систематско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест доведуваат до такви случаи на физичко насилство и ескалација – смета Радев и додава: -Ако продолжат да блокираат што и да било бугарско, самите Македонци се блокираат за во ЕУ. И тоа треба категорично да им биде јасно – рече шефот на Бугарија во коментарот на вест дека Македонија во последен момент ја одбила постановката на театарската продукција „Вражелец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека…

За 50% зголемен бројот на Австријци кои…

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е…

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на…

Соединетите Американски Држави и Кина се спротивставија…

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани…

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството…

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денес во…