Објавено на:

Ријад под закана: Бин Салман во обезбедувани палати, Саудиска Арабија останува без пресретнувачи

t

Сè пожестокиот конфликт со Хутите во Јемен сериозно ја загрозува безбедноста на Саудиска Арабија и амбициозните економски планови на престолонаследникот Мохамед бин Салман, пишува „Волстрит џурнал“.

Најсилниот удар врз кралството дојде во саботата, кога најмалку една ракета на Хутите го погоди меѓународниот аеродром во Ријад. Во нападот загинаа најмалку 12 лица, а стотици беа повредени, дел од нив сериозно. Погодени биле два терминала, а делови од покривите се урнале.

Следниот ден бил регистриран нов напад врз затворениот аеродром, при што проектил предизвикал пожар во Терминал 4. Хутите во последните месеци ги засилија нападите и врз други саудиски цели, меѓу кои нафтоводи, рафинерии и аеродроми.

Засилените напади врз Ријад, кој се наоѓа повеќе од 800 километри од териториите контролирани од Хутите, дополнително ја влошија безбедносната состојба во престолнината. На дел од вработените, учениците и дипломатите им било наредено да се евакуираат или да се засолнат, додека остатоци од пресретната ракета погодиле градинка и медицински комплекс.
Според „Волстрит џурнал“, 41-годишниот Бин Салман во меѓувреме се движи меѓу силно обезбедувани палати опремени со бункери и е под заштита на лично избран безбедносен тим.

Дополнителен проблем за Ријад е воздушната одбрана. Саудиските власти, според весникот, се соочуваат со недостиг од пресретнувачки ракети и мора да покриваат огромна територија, истовремено штитејќи ги градовите, кралските палати и клучната енергетска инфраструктура.

Новата безбедносна криза директно ги погодува и плановите на Бин Салман за трансформација на саудиската економија. Кралството со години вложува огромни средства во туризмот, технологијата, вештачката интелигенција и мегапроекти како футуристичкиот град Неом, со цел да ја намали зависноста од нафтата.

Сепак, зголемените трошоци за одбрана и инфраструктура создаваат дополнителен притисок врз државниот буџет. Странските инвестиции се под очекувањата, а дел од големите проекти веќе се одложени или повторно се разгледуваат.
Според „Волстрит џурнал“, под знак прашалник се и плановите за дополнителен развој на туризмот и привлекување големи меѓународни инвестиции, додека Саудиска Арабија треба да обезбеди средства и за Експо 2030 и Светското првенство во фудбал во 2034 година.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон е во контакт со Хутите и не ја исклучи можноста САД да се приклучат на саудиските операции против нив.

Бин Салман, пак, се обидува истовремено да ја зајакне одбраната и да го задржи отворен дипломатскиот канал со Иран, додека Ријад бара дополнителни системи за воздушна одбрана и помош од своите сојузници.

Како што оценува „Волстрит џурнал“, начинот на кој саудискиот престолонаследник ќе се справи со кризата може да има последици далеку над границите на кралството, бидејќи Саудиска Арабија е еден од најголемите светски инвеститори во технологија, енергетика и вештачка интелигенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ријад под закана: Бин Салман во обезбедувани…

Сè пожестокиот конфликт со Хутите во Јемен…

Шведски државјанин ограбен од малолетници во Градски…

Дваесет и седумгодишен државјанин на Шведска пријавил…

Чери-домати со салмонела стигнале во Хрватска и…

Италијански чери-домати од серијата L2852003641/21E005701, кај кои…

(Видео) Двајца пилоти загинаа во пад на…

Мал воен авион за обука на пакистанската…

Нема крај на несовесноста: Граѓани исфрлиле душеци…

Несовесни граѓани исфрлиле повеќе душеци покрај патот…