Романски државјани измамија скопјанка – и собраа пари и златен накит
Лишени од слобода биле двајца романски државјани откако во полиција било пријавено дека измамиле скопјанка и одзеле пари и златен накит.
– Синоќа околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР – Скопје ги лишија од слобода Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Романски државјани измамија скопјанка – и собраа…
Лишени од слобода биле двајца романски државјани…
(Видео) Силна експлозија во термоцентрала во Букурешт
Силна експлозија погоди термоцентрала во Букурешт, предизвикувајќи…
Романија дозволи американски војници и авиони на…
Романија одобри барање од САД за распоредување…
Нема причина за спојување на Молдавија со…
Романскиот претседател Никушор Дан денес ја отфрли…
Хрватска, Португалија и Романија со најголемо зголемување…
Во третиот квартал од 2025 година, стапката…