Рубио и експертите тврдат: Технолошките прекини што деновиве ги тресат САД не се резултат на кибернапади
САД не се под системски напад, изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио, за серијата неодамнешни технолошки прекини кои вклучија приземјување на сите летови во земјата и големи прекини во работата на банките и на услугите на „Епл“ и „Мајкрософт“.
Експертите за кибербезбедност се согласуваат дека нема докази што ги поврзуваат прекините, а повеќето од проблемите се чини дека се должат на ажурирања на застарената инфраструктура.
Технолошките нарушувања се случуваат речиси секојдневно од минатиот четврток, кога прекин на „Мајкрософт“ предизвика прекин на голем број услуги, вклучително и на е-пошта. Следниот ден, воздушниот сообраќај низ САД беше запрен повеќе од четири часа, со образложение дека проблемот е од техничка природа и е предизвикан од надградбата на бакарните жици и застарената опрема.
Во понеделникот, проблем со софтверот во банката „Џеј Пи Морган Чејс“ ги прекина услугите во најголемите американски банки, што беше објаснето со софтверска грешка. „Епл“, пак, објави дека нивните проблеми произлегле од внатрешно ажурирање. Истиот ден, тајна мрежа што ја користи Националната агенција за безбедност (НСА) за внатрешни комуникации, исто така, накратко беше надвор од употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио и експертите тврдат: Технолошките прекини што…
САД не се под системски напад, изјави…
Карни ја поддржа идејата за средба на…
Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…
Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…
Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…