Русија и Сирија постигнаа договор за руските бази: Ќе бидат „заеднички центри за обука и развој“
Сирија и Русија постигнаа договор за иднината на руските бази во Тартус и Хмејмим по 18 месеци интензивни преговори, објави во сириското Министерство за надворешни работи, пренесува Н1.
Министерството соопшти дека сириската држава ќе го преземе управувањето со цивилните објекти, вклучувајќи го аеродромот Хмејмим и комерцијалното пристаниште во Тартус, што ќе овозможи нивна постепена интеграција во цивилната администрација на земјата.
Воените објекти ќе бидат претворени во заеднички центри за обука и развој, а транзицијата треба да биде завршена во рок од три месеци.
Руската поморска база во Тартус и воздухопловната база Хмејмим долго време се главни воени упоришта на Москва во Медитеранот и Блискиот Исток. За нив се преговара со новото сириско раководство откако поранешниот претседател Башар ал-Асад беше соборен во декември 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Сирија постигнаа договор за руските…
Сирија и Русија постигнаа договор за иднината…
Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
(Видео) Ранет шефот на дроновите на Путин,…
Основачот на рускиот производител на беспилотни летала…
Индија се откажа од купување на руските…
Индија го откажа договорот со Русија за…
(Видео) Дрон се урна во руско одморалиште…
Три лица загинаа, а 13 други се…