Објавено на:

Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца загинати, меѓу нив и дете

t

Три лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени синоќа во рускиот напад врз Киев и околниот регион, пишува „Киев Индепендент“.

Шефот на градската администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека три лица се убиени во нападите врз округот Бровари. Уште три лица во истиот округ беа повредени. Во нападот беа оштетени станбена зграда, автомобили и помошни објекти. Ткаченко додаде дека пожарот избувнал и во нестанбена зграда, а службите за итни случаи се сè уште на терен.

„Русија продолжува да го тероризира цивилното население“, рече Ткаченко.

Најновиот напад врз Бровари, предградие источно од Киев, доаѓа во време кога заедницата сè уште се опоравува од масовниот руски напад во кој загинаа осум лица на железничка платформа. Тоа беше еден од најжестоките напади врз Бровари од почетокот на војната.

Во исто време, пожари избувнаа и во самиот Киев. Државната служба за итни случаи пријави пожар во две гаражи и една деловна зграда во округот Холосијевски. Друг пожар беше изгаснат во областа на компанија во округот Оболонски.

Украинските воздухопловни сили почнаа да ги предупредуваат жителите за бранови беспилотни летала што се приближуваат кон Киев кратко по полноќ. Новинарите на „Киев индепендент“ од терен објавија дека првите експлозии во градот се слушнале околу 00.45 часот по локално време. Нов бран експлозии следел за помалку од 15 минути. Околу 3 часот наутро, додека спасувачките екипи гаснеле пожари во Бровари, новинарите објавија нови експлозии и објавија дека балистички ракети го напаѓаат главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија бара меѓународен договор за забрана на…

Русија денеска побара да се подготви меѓународен…

Германија ги подготвува болниците за можна војна…

Германија го подготвува својот здравствен систем за…

ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…

Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…

Лавров: Ако Европа ја нападне Русија, војната…

Русија нема намера да ја напаѓа Европа,…

Бесент: Уделот на доларот во глобалните резерви…

Уделот на американскиот долар во глобалните девизни…