СДСМ бара ОЈО да отвори предмет за гувернерот Славески
СДСМ бара Основното јавно обвинителство да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот Трајко Славески во законскиот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Според партијата, во овој случај постојат сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот.
„Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на гувернерот. Со недоставување предлог, гувернерот директно ја блокира законската постапка и спречува Собранието да ја изврши својата уставна надлежност.
Член 55 јасно утврдува дека испразнето место мора да се пополни најдоцна во рок од два месеца по истекот на мандатот. Овој рок е обврзувачки и императивен а не препорачлив. Непочитувањето значи директна повреда на законот и злоупотреба на службената позиција.
Во конкретниот случај, мандатите на вицегувернерите се истечени уште во октомври 2025 година, а законскиот рок истекол во декември 2025. И покрај тоа, тие продолжуваат да учествуваат во носење одлуки, што го доведува во прашање легитимитетот на целиот состав и на донесените акти“, порачуваат од СДСМ.
Дополнително, иако веќе биле во нелегален мандат, потенцираат од опозициската партија, Славески им исплаќал плати и најверојатно заедно носеле нелегитимни одредени одлуки со што ја довеле Македонија во правна и финансиска несигурност.
Од партијата укажуваат дека постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, а дека институцијата функционира во спорен состав и одлуките донесени во такви услови можат да бидат правно оспорени.
„Постои и сериозен ризик од фаворизирање и нееднаков третман, бидејќи актуелен вицегувернер со истечен мандат е кандидат на истиот оглас. Ова е спротивно на начелата на законитост, правна сигурност и добро управување, утврдени во Законот за Народна банка“, нагласуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ бара ОЈО да отвори предмет за…
СДСМ бара Основното јавно обвинителство да отвори…
СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи Конгрес…
СДСМ: Дизелот повторно поскапе, мерките на Мицкоски…
Од СДСМ реагираат дека само еден ден…
СДСМ бара надзорна расправа за Законот за…
Како што ВМРО лажеше дека ќе го…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание, екс-советникот…
Системот на односи со јавност на СДС…