СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

t

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа вели „не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот јазик. Законот беше донесено во јануари 2024та, после 18 години со голем консензус од сите пратенички групи во изминатиот состав на собранието, со широка дебата, и со вклулување на сите предлози на сите засегнати од овој закон“.

„И што имаме денес? Имаме целосно игнорирање на сите одредби од законот. Има именувана директорка на Инспекторатот, има работна верзија од стратегијата за македонски јазик која започна да се работи пред само две недели. И толку. Не функционира Инспекторатот, нема вработени, нема лектори, не се почитува ниту употребата во јавни настани. А никој не реагира. И кога сакавме да разгледаме како оди имплементацијата на овој закон, сфативме дека нема ништо спроведено. Навистина ништо. Секој буџет од 2024та наваму и секој ребаланс гледаме кратење на пари“ вели Костадиновска Стојчевска.

Вели дека „Нема пари за примена на Законот за македонски јазик ама има за тендери. И кога некој би поднел пријава за било кое од овие непопитување на законот, нема кој да постапи! На барање на владејачкото мнозинство се направи промена во законот за примена на македонскиот јазик со кој нивото на инспекторатот се намали со ветување дека тоа се прави само и само да профункционира! И повторно не функционира“.

„Затоа, денеска пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесува барање за надзорна расправа за примената и имплеметацијата на одредбите од законот за употзаконот за употреба на македонскиот јазик. Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името. Ние ја штитиме Македонија преку НАТО и сакаме Македонија во ЕУ. Тоа се национални интереси и тоа, меѓу другото, е и заштита на јазикот“ потенцираше пратеничката од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…

По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…

СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…

Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…