Објавено на:

СДСМ: ВМРО си формираа „свој синдикат“ во Армијата, чекор кон целосна партизација на институциите

t

Соопштение за јавност

Независниот синдикат на професионални војници предупреди дека Министерството за одбрана си формирало „свој синдикат“, контролиран, послушен и партиски.

Ова е уште еден класичен пример на методите на Мицкоски и криминална група ВМРО:
Каде и да стигнат, судство, обвинителство, полиција, медиуми, а сега и Армијата тие веднаш формираат паралелни, послушни структури за да ја задушат вистинската независност и да ја стават сè под партиска контрола.

Наместо да ги штити правата на професионалните војници, Министерството за одбрана се занимава со креирање на фантом синдикат, кој ќе биде послушен на власта, а не на интересите на војниците.

Ова не е синдикално организирање. Ова е партизација на Армијата.

СДСМ остро го осудува овој обид за контрола врз војската и повикуваме на целосна независност на синдикатите во Армијата.

Војниците заслужуваат вистинска заштита на своите права, а не партиски синдикати на Мицкоски.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО си формираа „свој синдикат“ во…

Соопштение за јавност Независниот синдикат на професионални…

СДСМ: 700 милиони евра нов долг за…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Рим, преку Франкфурт мисли…

Венко Филипче е лицемер кој пет пари…

СДСМ: Уште ли патуваат документите од Министерството…

Од СДСМ преку соопштение прашуваат дали Владата…

СДСМ: Работата на историската комисија покажува дека…

СДСМ преку партиско соопштение обвини дека премиерот…