Објавено на:

СДСМ: 700 милиони евра нов долг за три месеци, Мицкоски ја турка државата во финансиска бездна

t

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО

Економскиот дилетант, Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ ја задолжува државата со невидено темпо и ја турка во финансиска бездна.

Само за првите три месеци од оваа година, направен е нов долг од 700 милиони евра.
Врз грбот на народот, врз грбот на идните млади генерации.

За две години откако Мицкоски е на власт, јавниот долг е зголемен за огромни 2,3 милијарди евра и сега изнесува 10 милијарди и 774 милиони евра, историски највисоко.

Да биде јасно: ова е чист, нов долг. Сè што е вратено е веќе одземено од пресметките – станува збор за нето задолжување, директно создадено од оваа неспособна и расипничка власт.

2,3 милијарди евра нови долгови а во исто време: нема пари за повисоки плати за работниците, Владата одбива да ја покачи минимална плата од 600 евра, нема мерки за поскапувањата, граѓаните се оставени сами да се справуваат со сиромаштијата во криза.

Задолжувања само за криминални тендери и богатење на ВМРО-ОКГ.

Задолжувања за нивните организирани шеми за извлекување пари. За авиони, часовници, бизнис мрежи.

Ова е криминална власт која не работи за граѓаните, туку за сопствениот бизнис интерес и богатење на грбот на народот.

Граѓаните денес плаќаат со својот стандард, а утре ќе плаќаат и нивните деца. Овој долг ќе го враќаат идните генерации.

Дополнително, буџетскиот дефицит за само три месеци изнесува 408 милиони евра – уште еден доказ за целосниот распад на јавните финансии.

Приходите се реализирани со едвај 20%, што значи дека Владата не создава вредност, туку само троши и задолжува.

Ова е директен демант на лажните тврдења на Мицкоски дека Македонија е „трета економија во Европа“. Реалноста е спротивна – економијата тоне, а граѓаните осиромашуваат.

Економските политики на оваа Влада се промашени, а економскиот дилетантизам на Христијан Мицкоски ја чини државата милијарди евра.

СДСМ предупредува: ова е опасен и неодржлив пат кој води кон финансиска бездна и неизвесност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…

„Цените се до плафон – мерки од…

„Цените во Македонија со месеци се до…

Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…

Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…

СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат…

По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите…