СДСМ: Уште ли патуваат документите од Министерството за Правда за Груевски или се заглавија во Пошта
Од СДСМ преку соопштение прашуваат дали Владата предводена од Христијан Мицкоски има поднесено барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски или, како што велат, документите се заглавени во институциите.
Во соопштението се наведува дека поминале три недели од изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој истакнал дека Унгарија нема да биде „безбедна куќа за криминалци“, при што, според СДСМ, бил спомнат и Груевски.
Од опозициската партија тврдат дека од страна на македонската Влада и Министерството за правда сè уште нема официјален чекор за барање екстрадиција, што, според нив, отвора прашања за политичката волја за враќање на Груевски во земјата.
СДСМ обвинува дека со одложување или непостапување се остава простор за избегнување на правдата, додека граѓаните, како што велат, очекуваат јасен и недвосмислен институционален став.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…