СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?
Соопштение на СДСМ
Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?
Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар.
Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај?
Ако нема што да се крие зошто не се објавува?
Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај.
Каде е целосниот извештај?
Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа?
Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации.
Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба.
Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија.Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.
Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата.
Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар?
Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати?
Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна?
Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста?
Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина.
Целиот извештај, сите анализи и сите потписи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Зошто и по шест недели по…
Соопштение на СДСМ Зошто и по шест…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се фали со одлуки на…
Венко Филипче сега се фали со одлуката…
Костадинов: СДСМ да предложи да се намалат…
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде…
Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…
По периодот на зголемен број стомачни тегоби…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…