СДСМ: По акцијата на САД против Мадуро, спие ли мирно Мицкоски поради врските со Орбан и Вучиќ?

t

„САД спроведоа дејствија поради криминални активности со дрога во Венецуела каде цел беше Николас Мадуро. Пред оваа акција на САД, кои беа политичарите и единствените земји во Европа кои го поддржуваа и развиваа соработка со Мадуро? Тоа се блиските пријатели на Мицкоски, да не речеме негови деловни партнери: Орбан во Унгарија и Вучиќ во Србија“, пишува во соопштение опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

„Вучиќ најавуваше блиска соработка со Маудуро пред само неколку месеци, а Унгарија со Орбан на чело беше негов поддржувач. Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Освен што сите политики им се исти, освен што Мицкоски го спроведува истото сценарио на неговиот „стрико“ Вучиќ тука се и бизнис релациите кои СДСМ ги откри преку скандалот со „Алта банка“. Во неговото последно интервју Мицкоски зборува и за „блискиот пријател Виктор Орбан“, кого ЕУ го обвинува за корупција по скандалот со имотот што се води на името на неговиот татко. Што е заедничко за сите овие десничарски политичари и големи пријатели? Тоа што се отворија сериозни теми за криминал и корупција“, велат од СДСМ.

„Во САД се усвои Закон за Западен Балкан потпишан од претседателот, Доналд Трамп, со посебен акцент на криминалот и корупцијата на Балканот. Во законот се пропишува дека претседателот на САД воведува санкции кон секое странско лице за кое ќе се утврди дека е вклучено или се обидело да се вклучи во корупција поврзана со Западен Балкан, најдоцна во рок од 90 дена од денот на стапување во сила на Законот.
Санкции се предвидени и за поединци и политики „кои ги подриваат демократските процеси или институции“ и за тешки кршења на човековите права. По сите овие случувања со големите пријатели, прашањето е спие ли мирно Христијан Мицкоски?“, прашуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: По акцијата на САД против Мадуро,…

„САД спроведоа дејствија поради криминални активности со…

СДСМ: АКТ ја продолжува борбата за правда,…

Антикорупцискиот тим на СДСМ внимателно го следи…

СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година…

2026-та ќе биде тешка година за граѓаните,…

СДСМ оддаде почит на ликот и делото…

По повод 14 годишнината од смртта на…

Филипче со новогодишна честитка: 2026 да биде…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати новогодишна…